Saturday, April 21, 2012

Победа во мислите и на двата тима



Една година подоцна... Исти противници, ист судија, но првенствен меч и се игра на Ноу КампРеал Мадрид синоќа прослави една година од единствената победа над Барселона во последните 15 средби (откако Гвардиола е на клупата на Барса), а денеска ќе сака повторување на настаните од Местаља каде што лани беше освоен пехарот од Купот на Шпанија. Иако тој меч заврши со 0:0 во регуларниот дел, сепак, се брои како победа за Реал бидејќи во продолжението "кралевите" славеа и дојдоа до трофејот.
Денеска приказната е поинаква. Се работи за голем двобој во кој и двете екипи сакаат победа. Реми повеќе би му одговарало на Реал бидејќи на тој начин ќе се одржи позитивата од четири бода во однос на Барса. Победа за гостите ќе биде уште подрагоцена биде така предноста ќе дојде до седум поени. Сепак, домашните имаат друг план и сакаат триумф со кој ќе намалат на само еден бод и ќе ги направат последните средби од сезоната максимално интересни.
Од таборот на Реал Мадрид вчера едвај и можеше да се слушне некој коментар. Веќе е добро познато дека Мурињо не зборува за новинарите во Шпанија пред средбите во Примера. Редовно го праќа својот помошник Каранка, кој има интересна најава за натпреварот.

No comments:

Post a Comment