Monday, May 7, 2012

Ова победа е посветена на семејството Јувентус



Својата прва тренерска титула Антонио Конте ја освои на клупата на Јувентус и тоа
во голем стил. Екипата се уште нема доживеано пораз во оваа сезона, а до крајот
на сезоната преостанува уште едно коло, но и финалето од Купот на Италија.
Прославата на титулата во Торино веќе започна, а Антонио Конте беше пресреќен по
синоќешната победа над Каљари со којашто и официјално Јуве стигна до насловот
прваци на Италија.
"Првото чувство по освојувањето на Скудетото? Нешто прекрасно, неверојатно,
навистина неверојатно" -беа првите зборови на Конте.
"Оваа титула дојде благодарение на играчите, но и по заслуга на нашите одлични
навивачи коишто нас постојано не следеа. Јувентус се врати, ние сме шампиони на
Италија. Ова е победа на едно големо семејство кое се вика Јувентус" - изјави тренерот
на Старата дама.
Како што наведе Конте следна цел на екипата е освојување на Купот, но и да се заврши
сезоната без пораз.
"Сакаме да ја завршиме сезоната без пораз. Сметам дека тоа е остварливо. Така ќе им
се оддолжиме на нашите фантастични навивачи на големата поддршка што ни ја укажаа
во текот на целата сезона" -заклучи Конте.

Saturday, May 5, 2012

ФА Куп


Денеска се очекува вистински спектакл: финале од англискиот ФА Куп! Во
завршниот дуел од 131. сезона на најстарото фудбалско натпреварување во светот
ќе играат Ливерпул и Челси.
За клубот од Енфилд ова ќе биде 14. учество во финалето, со што ќе се издвои на
третото место на вечната листа, позади  Манчестер Јунајтед и Арсенал, со 18, односно
17 учества.
 Редси трофејот го освоија седум пати, а последен пат во 2006. година кога го совладаа
Вест Хем во неверојатен натпревар, после пенали. Во регуларниот дел беше 3-3, а
Ливерпул го спаси Стивен Џерард со неверојатен гол во последните моменти од
натпреварот.
  
Челси 11. пати играше финале. Сините имаат шест трофеи, а последниот го освоија
2010. година кога со голот на Дрогба го совладаа Манчестер Јунајтед.
Во богатата историја на Фа Купот, дури 42 клуба го освојуваа трофејот. Првиот
победник во далечната 1872. година во Лондон беше Вондерс, денес аматерски клуб.
Тие во финалето беа подобри од Ројал Инџинерс, на Кенингтон Овал стадионот пред
2000 гледачи.
Првото финале на легендарниот Вембли беше одиграно во 1923 пред неверојатни
126000 гледачи. Тогаш Болтон славеше против Вест Хем. Оттогаш само едно финале
беше одиграно на Олд Трафорд, 1970, и шест пати на Милениумскиот стадион во Кардиф. Само два пати победникот беше одлучен после пенали.

Thursday, May 3, 2012

Серхио држи го овој пехар



Годините исполнети со суша во Реал Мадрид се минато. Титулата се враќа во
Мадрид. Кралевите го освоија пехарот рушејќи една од најдобрите генерации во
историјата на фудбалот.
Серхио Рамос минатата година го испушто пехарот освоен во кралскиот куп. Веројатно
затоа му падна пехарот бидејќи неговата радост не беше толку голема колку што е
освојувањето на 32. трофеј во домашното првенство за Реал Мадрид.
Автобус му го прегази пехарот, а следната сезона Мадриѓаните освоија многу поголем
трофеј, односно трофејот во Ла Лига со доста силна доминација.
Трофејот се врати во главниот град, каде што низ историјата и најчесто има пристигано.
Утре се подготвува "La Fiesta" пред Мадридскиот плоштад и фонтаната сибелес и
сигурно дека Серхио Рамос со двете раце ќе го држи пехарот, бидејќи тој пехар
навистина ќе биде посебен.
  Кога веќе зборуваме за "посебен" трофеј, Португалскиот стратег успеа да ја освои и
Шпанија, земјата на коридата. Жозе Мурињо влезе во историјата на фудбалот како
тренер кој што освоил четири шампионати во четири различни држави.
Oвој трофеј е навистина специјален само затоа што е прекината една супер серија на
една од најдобрите, најзрелите генерации во фудбалската историја, која што доживеа
крај на една ера. Tито Виланова е можеби нов човек за нови почетоци.
Трофејот е специјален бидејќи кралскиот клуб собори многу рекорди сезонава. После
три гола оваа вечер на гостински терен, Реал Мадрид сега има 115 голови оваа сезона,
стигајќи го рекордот од времето на Џон Тошак, кој што со Реал постигна 107 голови во
Ла Лига.
  Кристијано Роналдо и другарите постигнаа неверојатни 168 голови во сите
натпреварувачки конкуренции оваа сезона и оставајќи го во заборав рекордот стар од
далечната 1960 година, вкупно 158 голови.

Tuesday, May 1, 2012

Челзи го декгласирасе КПР Торес постигна хет-трик




Челси го декласира КПР совладувајќи го со 6-1 во 35. коло од Премиер Лигатата
одмаздувајќи му се за поразот во првиот дел од сезоната. Торес заслужено беше
прогласен за играч на натпреварот откако ја одигра најдобрата партија од неговото
доаѓање во Челси постигнувајќи хет-трик.      
  
Поубав почеток фудбалерите на Челси неможеа да замислат. Веќе по 1 минута игра
имаа водство. Даниел Стариџ погоди за предност на Челси од 1-0
Во 13 минута имаше нова промена на резултатот. Мата испраќа одличен центаршут, а
Џон Тери погодува за 2-0. При прославата на голот, Тери им се извини на своите
навивачи за црвениот картон кој го доби на натпреварот со Барселона поради кој
неможе да настапи на финалето против Баерн.
  
Челси продолжи со своите напади кои дадоа веднаш резултат. Во 19. Минута Калу
испрати одлична топка до Торес кој го помина голманот на гостите и ја погоди празната
мрежа.
До крајот на првото полувреме Челси го зголеми своето водство. Во 25 минута Торес го
постигна својот втор гол на овој натпревар носејќи му на Челси предност од 4-0. Доказ
за доминацијата на Челси беше и поседот на топката кој беше 70-30% во корист на
домаќините. Уште во овој дел од натпреварот победникот беше јасен.
  
На почетокот на вториот дел КПР тргна поагилно и имаше одлична шанса преку Маки но
Чех одлично интервенираше.
Во 64. минута Челси одново погоди за петарда на Стемфорд Бриџ. Ел Нињо откако
имаше катастрофални игри  до овој натпревар изгледа полека полека се враќа во
својата најдобра форма. На асистенција на Мата тој одлично реализираше постигнувајќи
хет-трик кој му е прв по неговото доаѓање во Чечси.
  
До крајот Кени мораше уште еднаш да ја извади топката од својата мрежа. Малуда само
неколку минути откако го замени Мата постигна гол за 6-0.
Во 4. минута КПР постигна почесен погодок преку Џибрил Сисе поставувајќи го
конечниот резултат (6-1).
Челси со оваа победа изби на петтата позиција пред Тотенхем кој од 17:00 ќе го одигра
својот натпревар против Блекбурн, заостанувајќи само 1 бод за четвртопласираниот
Њукасл кој вчера убедливо беше поразен од Виган. Во среда Челси можеби го игра
најважниот натпревар сезонава против Њукасл што ќе биде директна битка за
четвртата позиција.

Friday, April 27, 2012

Гвардиола ја напушта Барселона Тито Виланова негов наследник



Заменик на Пеп Гвардиола на клупата на Барселона ќе биде, на општо
изненадување, Тито Виланова, потврдија од каталонскиот клуб.      
Шок по шок во Каталонија. Откако Гвардиола се опрости од Барселона, каталонскиот
клуб објави уште една шокантна вест.
  Нов тренер на Барселона од наредната сезона ќе биде Тито Виланова, којшто до сега му
беше асистент на Гвардиола.
"Пеп Гвардиола нема да биде тренер на Барселона наредната сезона, а негов
наследник ќе биде Тито Виланова. Клубот му се заблагодарува на Гвардиола за сето
она што му го понуди на овој клуб. Благодарноста ќе биде вечна за најдобриот тренер на
светот" –беше официјалната изјава на каталонскиот клуб.
  Останува да се види како Тито Виланова ќе се снајде во новата улога и каде Гвардиола
ќе ја продолжи својата тренерска кариера.

Wednesday, April 25, 2012

Ван Перси преговара со Јувентус



Менаџерот на напаѓачот на Арсенал, Робин Ван Перси изјави дека е во преговори
со претставниците на италијанскиот гигант. 
Арсен Венгер, по секоја цена сака да го задржи Робин Ван Перси, но капитенот на
„топџиите„ сеуште не е потпишал продолжување на договорот, а за неговиоте услуги се
заинтересирани големи клубови како што се Јувентус, Манчестер Сити, Милан, Интер и
ПСЖ.
  Како што пишува англиски Mirror, агентот на Ван Перси објавил разговори со директорот
на Јувентус.
Лидерот во Серија е спремен да го засили  нападот со Ван Перси и е спремен да плати
рекордни 30 милиони евра.

Monday, April 23, 2012

Прочуени реченици за Мајкл Џордан




Ако нечие има е синоним за успех во светот на спортот, тогаш тоа секако е Мајкл
Џордан.      
Голем човек и спортист, вистинска кошаркарска легенда, професор во оваа игра. Ова се
некои од наслушаните реченици за него.
"Дури и кога ќе бидем старец и нема да можем да ја играм оваа игра, јас и понатака ќе ја
сакам кошарката."
"Ги советувам играчите да се опуштат и никогаш да не размислуваат во тоа колкав е
влогот."
  "Размислувајте само за кошарката. Ако почнете да размислувате на тоа кој ќе го освои
шампионатот, ќе го изгубите фокусот кон играта."
"Јас можам да прифатам неуспех, но неможам да прифатам кога некој не се труди.
Препреките немораат секогаш да застануваат."
"Ако наидете на ѕид, немојте да се враќате и да заостанувате. Најдете начин како да го
поминете ѕидот, заобиколете го или едноставно поминете низ него."
"Некои луѓе сакаат нешто да се случи, некои се надеваат на тоа, некои едноставно го
прават тоа."
"Со талентот се добиваат натпревари, а со тимската работа и интелегенција се
освојуваат шампионати."
"Промашив 9000 шутеви во мојата кариера. Изгубив скоро 300 натпревари, имав шут за
победа на 26 натпревари, но промашив."
"Во кариерата се засопнував, се засопнував, се засопнував. Тоа е и причина зошто на
крајот успеав."
"Никогаш не се плашев од неуспех. Секогаш свртете ја негативната ситуација во
позитивна. Моето тело може да поднесе да одам и со помош на штаки, но мојот мозок не
можеше да поднесе за тоа што бев одвоен од паркетот."