Saturday, May 5, 2012

ФА Куп


Денеска се очекува вистински спектакл: финале од англискиот ФА Куп! Во
завршниот дуел од 131. сезона на најстарото фудбалско натпреварување во светот
ќе играат Ливерпул и Челси.
За клубот од Енфилд ова ќе биде 14. учество во финалето, со што ќе се издвои на
третото место на вечната листа, позади  Манчестер Јунајтед и Арсенал, со 18, односно
17 учества.
 Редси трофејот го освоија седум пати, а последен пат во 2006. година кога го совладаа
Вест Хем во неверојатен натпревар, после пенали. Во регуларниот дел беше 3-3, а
Ливерпул го спаси Стивен Џерард со неверојатен гол во последните моменти од
натпреварот.
  
Челси 11. пати играше финале. Сините имаат шест трофеи, а последниот го освоија
2010. година кога со голот на Дрогба го совладаа Манчестер Јунајтед.
Во богатата историја на Фа Купот, дури 42 клуба го освојуваа трофејот. Првиот
победник во далечната 1872. година во Лондон беше Вондерс, денес аматерски клуб.
Тие во финалето беа подобри од Ројал Инџинерс, на Кенингтон Овал стадионот пред
2000 гледачи.
Првото финале на легендарниот Вембли беше одиграно во 1923 пред неверојатни
126000 гледачи. Тогаш Болтон славеше против Вест Хем. Оттогаш само едно финале
беше одиграно на Олд Трафорд, 1970, и шест пати на Милениумскиот стадион во Кардиф. Само два пати победникот беше одлучен после пенали.

No comments:

Post a Comment