Monday, May 7, 2012

Ова победа е посветена на семејството Јувентус



Својата прва тренерска титула Антонио Конте ја освои на клупата на Јувентус и тоа
во голем стил. Екипата се уште нема доживеано пораз во оваа сезона, а до крајот
на сезоната преостанува уште едно коло, но и финалето од Купот на Италија.
Прославата на титулата во Торино веќе започна, а Антонио Конте беше пресреќен по
синоќешната победа над Каљари со којашто и официјално Јуве стигна до насловот
прваци на Италија.
"Првото чувство по освојувањето на Скудетото? Нешто прекрасно, неверојатно,
навистина неверојатно" -беа првите зборови на Конте.
"Оваа титула дојде благодарение на играчите, но и по заслуга на нашите одлични
навивачи коишто нас постојано не следеа. Јувентус се врати, ние сме шампиони на
Италија. Ова е победа на едно големо семејство кое се вика Јувентус" - изјави тренерот
на Старата дама.
Како што наведе Конте следна цел на екипата е освојување на Купот, но и да се заврши
сезоната без пораз.
"Сакаме да ја завршиме сезоната без пораз. Сметам дека тоа е остварливо. Така ќе им
се оддолжиме на нашите фантастични навивачи на големата поддршка што ни ја укажаа
во текот на целата сезона" -заклучи Конте.

No comments:

Post a Comment