Thursday, April 12, 2012

Волкот одби нов договор


Фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот одбил да потпише нов договор со клубот и можно е да ја промени средината, пренесуваат англиските медиуми.Англискиот репрезентативец чиј актуелен договор истекува во 2013 година не е задоволен од неделната плата од 60000 фунти и бара најмалку 100000 фунти и гаранции од менаџерот Арсен Венгер дека клубот во наредните сезони ќе се бори за трофеи. Волкот е  еден од најважните фудбалери во клубот а Арсенал се наоѓа во слична позиција како пред неколку месеци кога го загуби Самир Насри и Цеск Фабрегас поради тоа што не можеше да ги исполни нивните барања. Уште еднаш Венгер се најде во слична ситуација меѓутоа е оптимист и верува дека ќе го убеди Волкот да продолжи на Емирати. Тео игра се подобро.Тој јас усоврши својата техника,односот со играчите и ефикасноста. Јас сакам да остане во клубот уште долго изјави Венгер минатио месец. Како што соопштуваат англиските Манчестер Сити, Ливерпул и Јивентус пројавуваат интерес за него.
Волкот дојде во Арсенал од Саутемптон во 2006 година и од бргу обезбеди стандардно место вопрвиот тим.Оваа сезона на 29 од вкупно 32 премиерлигашки натпревари, а пропушти само еден меч поради повреда. Тој е втор стрелец во клубот зад Робин Ван Перси со 10 голови во сите конкуренции.


No comments:

Post a Comment