Sunday, April 15, 2012

Бостон обезбеди пласман во плај-оф




Кошаркарите на Бостон со победата на ноќешниот натпревар против Њу Џерси со 94:82 изборија пласман во плеј офот. Тие се седмата екипа која обезбедува пласман во завршницата во НБА лигата.На другите шест натпревари беа постигнати следниве резултати: Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 112:104, Вашингтон – Кливленд 89:98, Мемфис – Јута 103:98, Минесота – Оклахома Сити 110:115, Милвоки – Индијана 99:105 и Сан Антонио – Феникс 105:91.Вечерва се играат девет натпревари: Њујорк – Мајами, Лос Анџелес Лејкерс – Далас, Шарлот – Бостон, Атланта – Торонто, Детроит – Чикаго, Кливленд – Орландо Њу Орлеанс – Мемфис, Денвер – Хјустон и Сакраменто – Портланд.Пласман во Источна конференција: Чикаго 45-14 (победи-порази), Мајами 41-17, Индијана 38-22, Бостон 35-25, Атланта 35-24, Орландо 34-25, Њујорк 31-28, Филаделфија 31-28, Милвоки 29-31, ...Пласман во Западна конференција: Оклахома Сити 44-16, Сан Антонио 42-16, Лос Анџелес Лејкерс 38-22, Лос Анџелес Клиперс 37-23, Мемфис 35-24, Далас 34-26, Хјустон 32-27, Денвер 32-27, Феникс 31-29, Јута 31-30

No comments:

Post a Comment