Saturday, April 14, 2012

Нико Розберг стигна до пол-позиција во својата кариера



Пилотот на Мерцедес Петронас, Нико Розберг успеа да стигне до својата премиерна пол-позиција во кариерата завршувајќи на првото место во официјалните квалификации пред утрешната трка за Големата награда на Кина.На патеката кај Шангај, Нико Росберг го валоризираше, досега, успешниот викенд во Кина и ја донесе првата пол позиција за себе но и за својот тим од стартот на сезоната, а Шумахер со третото најбрзо време само ја потврди доминацијата на германскиот болид. Помеѓу двајцата пилоти на Мерцедес на утрешната трка ќе стартува Луис Хамилтон, кој претходно беше најбрз на два од трите слободни тренинзи, но неговиот болид утринава беше силен за втората позиција, но Хамилтон има казна од 5 места па трката утре ќе ја започне од 7. место а Нико и Шуми ќе започнат од првиот ред. Лош ден повторно имаа пилотите на Ферари, Фернандо Алонсо заврши на 9. позиција, додека Фелипе Маса не успеа да се пласира во последната рунда од квалификациите, завземајќи го 12. место. Исто како двете Ферариња, шампионот Себастијан Фетел утрешната трка ќе ја започне од 11. позиција, а ништо подобар не беше ниту Марк Вебер кој ќе стартува од 3. ред. Во Топ 10, изнандувачки имаше место и за Кобајаши кој имаше 4. најдобро време. Раиконен се најде на 5. позиција а Батон на 6. место. Перез ќе стартува од осмата позиција додека Грошјан ја затвара топ 10 стартната позиција

No comments:

Post a Comment